Кратко упатство за инсталација на новиот МПИН за месец Јануари 2019 година

Кратко упатство за инсталација на новиот МПИН за месец Јануари 2019 година

Пресметката на плата за месец јануари 2019 година треба да се изврши преку новиот МПИН – клиентски софтвер од 23.01.2019 година кој може да го симнете на следниот линк: http://ujp.gov.mk/,/obrasci/pogledni/127.

Инсталацијата на новиот МПИН се врши на следниот начин:

  1. Првично го бришете (деинсталирате) постоечкиот МПИН од вашиот компјутер преку Control Panel/ Programs and Features/ Elektronski MPIN (klientski softver) – Uninstall.
  2. Го преземате новиот мпин од веб страната на ујп на следниот линк: http://ujp.gov.mk/,/obrasci/pogledni/127  .
  3. Го симнувате на вашиот компјутер и го отпакувате (unzip) на папката.
  4. Отворете ја отпакуваната папка Klientski softver 23.01.2019 и инсталирајте го новиот МПИН со кликнување на InstallMPIN.msi.
  5. Отворете ја апликацијата од локацијата каде е отпакуван (unzip) папката со избор на датотеката MPINcl.exe или направете shorcut на MPINcl.exe на вашиот Desktop.

 

Отворете го МПИН-от и во делот Параметри за пресметка на придонеси, треба да ги има следните податоци:

Слика 1. Преглед на параметри за придонеси МПИН


*Следењето на ова упатство при инсталација на новиот клиентски софтвер МПИН е особено важно доколку се пресметува плата на која се применува прогресивно оданочување (10% и 18%)