ДОНЕСЕН ЗАКОНОТ ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ПРИДОНЕСИТЕ ОД ЗАДОЛЖИТЕЛНО СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ ПОРАДИ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТА
Собранието на Република Македонија на 116 седница одржана на 14.11.2019 година го изгласа и донесе Законот за субвенционирање на социјални придонеси од задолжително осигурување поради зголемување на плата.
Со Законот на системски начин се регулира начинот на добивање на субвенционирање на придоенсите а притоа осигурениците непречено ги остваруваат правата од социјално осигурување а работодавачите на веќе постојниот уреден начин на плаќање на социјални придонеси немаат обврска да плаќаат придоенси за социјано осигуурвање за износот на зголемена плата. Истовремено начинот на субвенционирање на социјалните придонесите е транспарентен, јасен, прецизен, едноставен и единствен за сите работодавачи од приватениот сектор.
Целта на Законот е поттикнување на работодавачите да исплаќаат плата во повисок износ заради подобрување на економскиот стандард на вработените и поттикнување на економскиот раст и развој во Република Македонија.
Субвенционирање на придонеси може да користи работодавач кој:
- -има статус на активен обврзник за пресметка и уплата на придонеси, односно не е во постапка на стечај или ликвидација или постапка на бришење согласно Законот за трговските друштва и
- – нема доспеани обврски по основ на бруто плата до денот на побарување на субвенционирање на придонеси.
- – Субвенционирање на придонеси може да користи работодавач за осигуреник кој бил во задолжително социјално осигурување кај тој работодавач во сите месеци од референтниот период .
- – Субвенционирање на придонеси може да користи работодавач за осигуреник за кој има зголемување на плата како разлика меѓу пресметаната нето плата за месецот за кој се побарува субвенционирање на придонеси и референтната основна плата исплатена од обврзникот во референтниот период.
Највисокиот износ за кој се одобрува субвенција на придонес е зголемување на нето плата до 6.000 денари месечно по осигуреник. Најнискиот износ за кој се одобрува субвенција на придонес е зголемување на нето плата во износ од 600 денари месечно по осигуреник.
Постапката за ослободување ќе се врши преку МПИН системот со тоа што работодавачот гo означува осигуреникот за коj бара субвенционирање на социјалните придонеси со посебна шифра која допрва ќе биде утврдена и врз основа на тоа Управата за јавни приходи врши контрола на МПИН пресметката во однос на условите и ја одобрува Месечната пресметка за интегрирана наплата.
Субвенционирање на придонеси од задолжително социјално осигурување по основ на зголемена плата не може да остварат:
- – орган на државна и на локална власт и други државни органи основани согласно со Уставот на Република Северна Македонија и со закон, институција која врши дејност од областа на образованието, науката, здравството, културата, трудот, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот, како и во други дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи, јавни претпријатија и трговски друштва основани од Република Северна Македонија, општините, градот Скопје и општините во градот Скопје;
- – приватна агенција за вработување за осигуреник кој е отстапен кај работодавач од алинеја 1 на овој член;
- – обврзник кој за осигуреникот користи ослободување од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување и/или данок на личен доход согласно закон или друг основ, за период додека ја користи субвенцијата, односно ослободувањето;
- – обврзник кој за осигуреникот користи мерка за субвенција на плата преку Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување, за периодот додека ја користи мерката, и
- – обврзник кој за осигуреникот за кој побарува субвенционирање на придонеси му е доделена финансиска поддршка за нови вработувања согласно Законот за финансиска поддршка на инвестиции.
Субвенционирањето на придонесите за зголемувањето на платите согласно со донесениот закон, започнува да се применува со исплата на плата за месец октомври 2019 година.
Меѓутоа со оглед на тоа што веќе е 15-ти во месецот а соодветните министерства имаат рок од 15 дена за носење на подзаконските акти за уредување на начинот и постапката за спроведување на субвенцијата а исто така и врз основа на тие подзаконски акти Управата за јавни приходи треба да изготви соодветни упатства за начинот на пополнување на МПИН, субвенционираното зголемување најверојатно ќе започне да се применува за платите за ноември кои ќе се исплаќаат во декември 2019 година.
Субвенционирањето на зголемување на платите ќе важи до 31 октомври 2022 година.
Законот за субвенционирање на социјални придонеси од задолжително осигурување поради зголемување на плата може да го симните на следниот линк: