Повторно дозволено исплаќање на дивиденди на странски соружници/ акционери
Владата на РСМ ја укина Уредбата со законска сила за примена на Законот за трговски друштва за време на вонредна состојба. Уредбата беше објавена во Службен весник на РМ бр. 90 од 04.04.2020 година, со што и уредбата стапи во сила.
Со оваа уредба со законска сила престанува да важи Уредбата со законска сила за примена на Законот за трговските друштва за време на вонредната состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“бр.79/20 и 87/20).
Со укинување на Уредбата за укинување на Уредбата за примена на Законот за трговски друштва за време на вонредна состојба, практично се укинува забранатаа за исплата на дивиденда на странски содружници односно акционери за време на вонредна состојба.
Претходно со Уредбата од 26.03.2020 година беше пропишана забрана за одржување собир на сосдружници и на Собрание на акционери за време на вонредната состојба.
Понатаму со Уредбата од 02.04.2020 година беа пропишани следните одредби:
- -добивката остварена од финансиското работење на трговските друштва кои се во целосна сопственост на државата, требаше да се уплаќа во Буџетот на Република Северна Македонија,
- -се укина забраната за одржување на собир на содружници/ собрание на акционери која беше донесена со првичната Уредба, односно трговските друштва можат слободно да ги одржуваат годишните собири на содружници и акционерски собранија и во вонредна состојба.
- -се забрани исплата на дивиденди на странски содружници/ акционери за време на траење на вонредната состојба.
Со укинувањето на Уредбата за примена на Законот за трговски друштва за време на вонредна состојба, практично сите постапки кај трговските друштва продолжуваат да се одвиваат во согласност со одредбите на Законот за трговски друштва.