ИЗМЕНЕТА И ДОПОЛНЕТА УРЕДБАТА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ДАНОЧНА ПОСТАПКА
УЈП НЕМА ДА ИСПРАЌА ОПОМЕНИ ЗА НЕПЛАТЕНИ ДОЛГОВИ И НЕМА ДА ВРШИ ПРИСИЛНА НАПЛАТА ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА И 60 ДЕНА ПО ВОНРЕДНАТА СОСТОЈБА
Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 29 мај 2020 година донесе уредба за измена и дополнување на уредбата за примена на Законот за даночна постапка за време на вонредна состојба и ја објави во Службен весник на РСМ бр. 140/20 од 29.05.2020 година, со што практично и стапи во сила.
Со измената на уредбата се допрецизираат некои одредби од веќе постоечката Уредба но и се воведуваат следните новини:
Управата за јавни приходи нема да издава опомена за плаќање на данок и нема да отпочнува постапка на присилна наплата за време на траењето на вонредната состојба како и по престанокот на траењето на вонредната состојба до 30 јуни 2020 година и тоа за:
- – даночен долг кој е доспеан, а неплатен, и за кој не се отпочнати постапки на присилна наплата;
- – даночен долг по сите основи кој ќе доспее во месеците мај и јуни 2020 година и
- – судски такси и парични казни, односно глоби и трошоци изречени во парнични, прекршочни, кривични и управни постапки во корист на Република Северна Македонија, а кои ги наплатува Управата за јавни приходи, кои се доспеани, а неплатени, и за кои не е отпочната постапка на присилна наплата.
Управата за јавни приходи нема да објавува листа на должници на доспеани и неплатени долгови за месеците април, мај и јуни 2020 година.
Пречистениот текст на Уредбата може да го симнете тука: