Донесена Одлука на влада за забрана за вршење на акции и промоции за продажба на земјоделски и прехранбени производи

Донесена Одлука на влада за забрана за вршење на акции и промоции за продажба на земјоделски и прехранбени производи
Блог написи

Донесена Одлука на влада за забрана за вршење на акции и промоции за продажба на земјоделски и прехранбени производи

Во Службен Весник на РСМ бр. 192 од 14.09.2023 година, објавена е Одлука на влада за забрана на трговците да вршат трговија со одделна стока.

Со Одлуката, се забранува на трговците кои вршат трговија на мало на земјоделски и прехранбени производи да нудат акциска продажба (акција) и промотивна продажба (промоција), со исклучок на алкохолни и безалкохолни пијалоци, при нивно ставање во промет.

Забраната ќе се применува до 30 ноември 2023 година

Одлуката може да ја преземете на следниот линк:


Одлука за забрана за вршење на акции и промоции на земјоделски и прехранбени производи