a

Податоци за плата за месец Септември 2023 година
Податоци за пресметка на плата, придонеси и надоместоци за месец Септември 2023 година Почитувани, Преземете ги податоците за плата за месец Септември 2023 година во pdf тука:

ДОНЕСЕНА ОДЛУКА ЗА ПОСЕБНИ УСЛОВИ ЗА ТРГОВИЈА НА ОДДЕЛНИ СТОКИ
ДОНЕСЕНА Е ОДЛУКАТА ЗА ПОСЕБНИ УСЛОВИ ЗА ТРГОВИЈА НА ОДДЕЛНИ СТОКИ, ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА НАЈВИСОКИ ЦЕНИ ЗА ОДДЕЛНИ ПРОИЗВОДИ ВО ТРГОВИЈАТА НА МАЛО, КАКО И ОБВРСКА НА ТРГОВЦИТЕ ДА ПРИБАВУВААТ И ПРОДАВААТ ОПРЕДЕЛЕНИ ВИДОВИ И КОЛИЧЕСТВА НА ОДДЕЛНИ СТОКИ НА ПОТРОШУВАЧИТЕ СПОРЕД ОПРЕДЕЛЕН РЕДОСЛЕД Владата на РМ, на седницата одржана на 19 септември 2023 година, ја донесе Одлуката за посебни услови во трговија на мало… Со оваа одлука се определуваат посебните услови за трговија, највисоките цени во трговијата на мало, како и обврската на трговците кои претставуваат правни и физички лица кои се регистрирани за вршење дејност производство и за вршење дејност трговија на големо и на мало во соодветен регистар согласно со закон, да ги прибавуваат и продаваат следните производи/стоки: 1) ориз бел, во пакување од 900 g до 1kg; 2) брашно пченично тип 400 и тип 500; 3) бел и полубел леб, векна, индустриски тип 450 g (цел и на парчиња), со исклучок на свежо печен леб во маркетите; 4) други пекарски производи; 5) бисквити „Petit Beurre“ и бисквити обични и посни од 300 до 500 g; 6) наполитанки, со фил од какао крем (обични, непрелиени) од 300 до 500 g; 7) тестенини (макарони и шпагети од тврда пченица […]

Донесена Одлука на влада за забрана за вршење на акции и промоции за продажба на земјоделски и прехранбени производи
Донесена Одлука на влада за забрана за вршење на акции и промоции за продажба на земјоделски и прехранбени производи Во Службен Весник на РСМ бр. 192 од 14.09.2023 година, објавена е Одлука на влада за забрана на трговците да вршат трговија со одделна стока. Со Одлуката, се забранува на трговците кои вршат трговија на мало на земјоделски и прехранбени производи да нудат акциска продажба (акција) и промотивна продажба (промоција), со исклучок на алкохолни и безалкохолни пијалоци, при нивно ставање во промет. Забраната ќе се применува до 30 ноември 2023 година Одлуката може да ја преземете на следниот линк: Одлука за забрана за вршење на акции и промоции на земјоделски и прехранбени производи

ПРОЦЕНТ НА МДБ ЗА МЕСЕЦ Август 2023
ПРОЦЕНТОТ НА МДБ ЗА МЕСЕЦ Август 2023 изнесува 6.3% Заводот за статистика, врз основа на Законот за данокот на добивка, за месец Август 2023 година го утврди: кумулативниот пораст на цените на мало за период Јануари- Август 2023 година во споредба со просекот од 2022 година забележа пораст за 6.3 %. Според тоа, месечната аконтација за месец Август 2023 година се утврдува во висина од 1/12 од годишната даночна обврска утврдена во Даночниот биланс за 2022 година (АОП 56) зголемена за 6.3 %. Пресметајте веднаш износ за плаќање на месечна аконтација со нашиот калкулатор во прилог: КАЛКУЛАТОР ЗА ПРЕСМЕТКА НА МДБ

Соопштение на ИСОС за ажурирање на податоци на правни лица кои имаат лиценци за вршење на сметководствени работи
Соопштение на ИСОС за ажурирање на податоци на правни лица кои имаат лиценци за вршење на сметководствени работи Институтот на сметководители и овластени сметководители, согласно Правилникот и рокот кој беше даден за усогласување, Ги повикува сите субјекти иматели на ЛИЦЕНЦИ за вршење сметководствени работи издадени од Институтот НАЈДОЦНА ДО 15.09.2023 година да ја достават следната документација -Тековна состојба за субјектот имател на ЛИЦЕНЦА ОД ИСОС не постара од 30.08.2023 година -Листинг од АВРМ на Деловен субјект и тоа (ПРЕГЛЕД НА АКТИВНИ ПРИЈАВИ ВО ЗАДОЛЖИТЕЛНО СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ НА ПРАВЕН СУБЈЕКТ) не постар од 30.08.2023 година со оригинал печат од АВРМ или истиот документ изваден преку порталот на E-uslugi Напоменуваме дека Институтот врз основа на проверка на доставената документација ќе постапи согласно член 32 став 10 точка 2 и точка 3 од ЗВСР во врска со член 17 став 1 точка 2 и точка 3 од ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИН НА И ПОСТАПКА ЗА ДОБИВАЊЕ НА УВЕРЕНИЕ ЗА СМЕТКОВОДИТЕЛ И ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛИ И УПИС ВО РЕГИСТАР од 29.06.2023 година. Документацијата треба да се достави по електронска пошта на следната е-маил адреса: archiva@isos.com.mk НАЈДОЦНА ДО 15.09.2023 година. Дополнително, сите членови се повикуваат да ги ажурираат и проверат своите податоци на веб платформата. Ве молиме […]

ИСОС со Повик за ажурирање на податоци на сметководителите и овластените сметководители
Соопштение на ИСОС во врска со ажурирање на податоци на сите сметководители и овластени сметководители Ви го пренесуваме во целост соопштението на ИСОС: Почитувани членови, Институт на сметководители и овластени сметководители ги повикува своите членови да постапат согласно соопштението за ажурирање податоци кое е во продолжение: Институтот на сметководители и овластени сметководители ги повикува сите сметководители и овластени сметководители да ги ажурираат и проверат своите податоци на веб платформата. Ве молиме уредно проверете и пополнете ЕМБС на правниот субјект, назив на фирма, датум на вработување,полно/скратено/дополнително работно време, право да потпишува годишна сметка и финансиски извештаи, право да потпишува даночни пријави и биланси и тип на правен субјект согласно член 35 став 6 од ЗВСР врска со член 10 став 2 точка 6 од Статутот на Институтот. За ажурирање на податоците треба да се најавите на следниот линк: https://smetkovoditel.isos.com.mk Исто така согласно законските обврски, ги повикуваме сите активни членови (сметководители и овластени сметководители) да ги подмират своите обврски кон Институтот по основ на чланарина согласно член 10 став 2 точка 7 од Статутот на Институтот, во спротивно ќе се постапи согласно член 36 став 1 точка 3 од ЗВСР.

ИСОС со известување во врска со Правилникот
ИСОС ги известува сметководителите и овластените сметководители во врска со усогласувањето на работењето со новиот правилник. Почитувани, Поради многубројни прашања во врска со член 22 од Правилник за начин на и постапка за издавање на уверение за сметководител и овластен сметководител и упис во регистар од 26.05.2023, Институтот Ве известува дека рокот за доставување писмено известување за усогласување се продолжува до среда 30.08.2023 година. Имено, напоменуваме дека усогласување треба да направат само физичките и правните лица кои не се согласно условите наведени во Правилникот. Известување и документи треба да достават САМО физичките лица и правните субјекти кои се усогласуваат со цел да ги исполнат условите од Правилникот. Оттука, напоменуваме дека лицата и субјектите кои се согласно Правилникот, не треба да доставуваат или ажурирааат податоци. Во зависност од промените кои се направени, физичките лица и правните субјекти треба да достават Писмено известување со соодветен доказ за извршените промени согласно Правилникот. Линк од правилникот Доставата на Известувањето и комплет документацијата може да се достави по пошта на адреса „Кеј 13ти Ноември“ кула 2/8 ГТЦ Центар Скопје или електронски на info@isos.com.mk. Со почит, ИСОС

Податоци за плата за месец Август 2023 година
Податоци за пресметка на плата, придонеси и надоместоци за месец Август 2023 година Почитувани, Преземете ги податоците за плата за месец Август 2023 година во pdf тука:

Процент на МДБ за месец Јули 2023
ПРОЦЕНТОТ НА МДБ ЗА МЕСЕЦ Јули 2023 изнесува 5.9% Заводот за статистика, врз основа на Законот за данокот на добивка, за месец Јули 2023 година го утврди: кумулативниот пораст на цените на мало за период Јануари- Јули 2023 година во споредба со просекот од 2022 година забележа пораст за 5.9%. Според тоа, месечната аконтација за месец Јули 2023 година се утврдува во висина од 1/12 од годишната даночна обврска утврдена во Даночниот биланс за 2022 година (АОП 56) зголемена за 5.9 %. Пресметајте веднаш износ за плаќање на месечна аконтација со нашиот калкулатор во прилог: КАЛКУЛАТОР ЗА ПРЕСМЕТКА НА МДБ

СЕ ПРОДОЛЖУВА РОКОТ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДДВ-04 ПРИЈАВИТЕ ДО 26 ЈУЛИ
СЕ ПРОДОЛЖУВА РОКОТ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДДВ-04 ПРИЈАВИТЕ ДО 26 ЈУЛИ Според соопштението на Управата за јавни приходи, поради прекин на електрично напојување во зградата каде е сместена Генералната Дирекција на УЈП, отежнато функционираат системите на Управата за јавни приходи. Согласно Законот за даночна постапка, а со цел одбегнување на отежнатото поднесување на даночните пријави преку системот е-Даноци заради настанатите технички проблеми, Управата за јавни приходи ги известува даночните обврзници и сметководителите дека се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите за 1 (еден) работен ден. Како краен рок за поднесување на даночните пријави ДДВ-04 за даночните периоди 01-04.2023 – 30.06.2023 и за 01.06.2023 – 30.06.2023 година од месечните и тримесечните обврзници за ДДВ наместо 25.07.2023 година ќе се смета 26.07.2023 година.

Казнената камата не може да изнесува повеќе од главниот долг
Казнената камата не може да изнесува повеќе од главниот долг Во Службен весник на РСМ бр. 154 од 20.07.2023 година беа објавени измените на Законот за облигационите односи и на Законот за извршување. Според новиот став 8 во членот 266-а од Законот за облигациони односи: „(8) Кога износот на достасаната, а неисплатена казнена камата ќе го достигне износот на главнината, каматата престанува да тече.“. Се намалува и рокот на застареност на побарување утврдено со судска одлука од 10 на 5 години. Според измените на членот 368 од ЗОО: „(1) Сите побарувања што се утврдени со правосилна судска одлука или со одлука на друг надлежен орган или со порамнување пред суд или пред друг надлежен орган, застаруваат за пет години, од моментот на нивната извршност, како и побарувањата за кои во согласност со законот се предвидува пократок рок за застареност. (2) Сите повремени побарувања, коишто произлегуваат од одлуки или порамнувања предвидени во ставот (1) на овој член и достасуваат во иднина, застаруваат во рокот предвиден за застареност на повремените побарувања. (3) Застареноста на правосилна судска одлука или со одлука на друг надлежен орган, или со порамнување пред суд или пред друг надлежен орган прекинува со поднесување барање за извршување пред надлежен […]

Податоци за плата за месец Јули 2023
Податоци за пресметка на плата, придонеси и надоместоци за месец Јули 2023 година Почитувани, Преземете ги податоците за плата за месец Јули 2023 година во pdf тука:

Процент на МДБ за месец Јуни 2023
ПРОЦЕНТОТ НА МДБ ЗА МЕСЕЦ Јуни 2023 изнесува 5.5% Заводот за статистика, врз основа на Законот за данокот на добивка, за месец Јуни 2023 година го утврди: кумулативниот пораст на цените на мало за период Јануари- Јуни 2023 година во споредба со просекот од 2022 година забележа пораст за 5.5%. Според тоа, месечната аконтација за месец Јуни 2023 година се утврдува во висина од 1/12 од годишната даночна обврска утврдена во Даночниот биланс за 2022 година (АОП 56) зголемена за 5.5 %. Пресметајте веднаш износ за плаќање на месечна аконтација со нашиот калкулатор во прилог: КАЛКУЛАТОР ЗА ПРЕСМЕТКА НА МДБ

Податоци за плата за месец Јуни 2023
Податоци за пресметка на плата, придонеси и надоместоци за месец Јуни 2023 година Почитувани, Преземете ги податоците за плата за месец Јуни 2023 година во pdf тука:

ПРОЦЕНТОТ НА МДБ ЗА МЕСЕЦ MAJ 2023 изнесува 5.4%
ПРОЦЕНТОТ НА МДБ ЗА МЕСЕЦ МАЈ 2023 изнесува 5.4% Заводот за статистика, врз основа на Законот за данокот на добивка, за месец Мај 2023 година го утврди: кумулативниот пораст на цените на мало за период Јануари- Мај 2023 година во споредба со просекот од 2022 година забележа пораст за 5.4%. Според тоа, месечната аконтација за месец Мај 2023 година се утврдува во висина од 1/12 од годишната даночна обврска утврдена во Даночниот биланс за 2022 година (АОП 56) зголемена за 5.4 %. Пресметајте веднаш износ за плаќање на месечна аконтација со нашиот калкулатор во прилог: КАЛКУЛАТОР ЗА ПРЕСМЕТКА НА МДБ

Податоци за плата за месец мај 2023 година
Податоци за пресметка на плата, придонеси и надоместоци за месец Maj 2023 година Почитувани, Преземете ги податоците за плата за месец Мај 2023 година во pdf тука:

Koeфициент на МДБ за месец Април 2023
ПРОЦЕНТОТ НА МДБ ЗА МЕСЕЦ АПРИЛ 2023 изнесува 5.3% Заводот за статистика, врз основа на Законот за данокот на добивка, за месец Април 2023 година го утврди : кумулативниот пораст на цените на мало за период Јануари- Април 2023 година во споредба со просекот од 2022 година забележа пораст за 5.3%. Според тоа, месечната аконтација за месец Март 2023 година се утврдува во висина од 1/12 од годишната даночна обврска утврдена во Даночниот биланс за 2022 година (АОП 56) зголемена за 5.3 %. Пресметајте веднаш износ за плаќање на месечна аконтација со нашиот калкулатор во прилог: КАЛКУЛАТОР ЗА ПРЕСМЕТКА НА МДБ

ПОТСЕТУВАЊЕ: Продолжен рокот за доставување на ДДВ-04 пријавите до УЈП
СЕ ПРОДОЛЖУВА РОКОТ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДДВ-04 ПРИЈАВИТЕ Почитувани, Ве потсетуваме дека Управата за јавни приходи го одложи рокот за доставување на ДДВ-04 пријавите за три работни дена. Согласно Законот за даночна постапка, со цел одбегнување на отежнато поднесување на даночни пријави преку системот е-Даноци, и поради повеќето неработни денови во месец април 2023 година, Управата за јавни приходи ги известува даночните обврзници и сметководителите дека се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите за 3 (три) работни дена. Како краен рок за поднесување на даночните пријави ДДВ-04 за даночните периоди 01-01.2023 – 31.03.2023 и за 01.03.2023 – 31.03.2023 година од месечните и тримесечните обврзници за ДДВ наместо 25.04.2023 година ќе се смета 28.04.2023 година.

Податоци за плата за месец Април 2023 година
Податоци за пресметка на плата, придонеси и надоместоци за месец Април 2023 година Почитувани, Преземете ги податоците за плата за месец Април 2023 година во pdf тука:

КОЕФИЦИЕНТ НА МДБ ЗА МЕСЕЦ МАРТ 2023
ПРОЦЕНТОТ НА МДБ ЗА МЕСЕЦ МАРТ 2023 изнесува 5% Заводот за статистика, врз основа на Законот за данокот на добивка, за месец Март 2023 година го утврди : кумулативниот пораст на цените на мало за период Јануари- Март 2023 година во споредба со просекот од 2022 година забележа пораст за 5%. Според тоа, месечната аконтација за месец Март 2023 година се утврдува во висина од 1/12 од годишната даночна обврска утврдена во Даночниот биланс за 2022 година (АОП 56) зголемена за 5 %. Пресметајте веднаш износ за плаќање на месечна аконтација со нашиот калкулатор во прилог: КАЛКУЛАТОР ЗА ПРЕСМЕТКА НА МДБ

Податоци за плата за месец Март 2023 година
Податоци за пресметка на плата, придонеси и надоместоци за месец Март 2023 година Почитувани, Преземете ги податоците за плата за месец Март 2023 година во pdf тука:

Нова минимална плата, почнувајќи од Март 2023 година
Нова минимална плата, почнувајќи од Март 2023 година Во службен Весник на РСМ бр.58 од 16.03.2023 година, врз основа на член 4 став (5) од Законот за минимална плата во Република Македонија, Министерството за труд и социјална политика ја објави официјалната Објава за висина на минимална плата. Според објавата, минималнат бруто плата, почнувајќи од месец март 2023 година ќе изнесува : 29.739,00 денари минималната нето плата, почнувајќи од месец март 2023 година ќе изнесува : 20.175,00 денари Пресметајте ја платата со нашиот Е-калкулатор за пресметка на плата, со можност за пресметка на сите додатоци на плата на следниот линк: Калкулатор за пресметка на плата

Одлуките за ограничување на цени на мало на тестенини и млечни производи објавени во Службен весник
Одлуките за ограничување на цени на мало на тестенини и млечни производи објавени во Службен весник Во службен весник на РСМ бр. 52 од 09.03.2023 година, објавени се Одлуките за ограничување на цена на мало за одредени производи како и Одлуката за укинување на царински давачки за тестенини. Одлука за определување на највисоки цени на одделни производи во трговија на мало Со оваа одлука се определуваат највисоките цени во трговијата на мало нa тестенини неварени, неполнети ниту поинаку приготвени, што не содржат обично пченично брашно или гриз, без додаток на јајца (макарони и шпагети). Највисоките цени на овие производи се утврдуваат на нивото на цените кои се применувале на 1 март 2023 година, во трговијата на мало, кои цени се намалуваат за 15%. Највисоките цени на производите на овие производи ќе се применува од 16 март 2023 година до 31 мај 2023 година. 2. Одлука за укинување на царински давачки за увоз на тестенини Со оваа одлука се пропишува мерка за укинување на увозните давачки – царинските давачки при увоз на тестенини неварени, неполнети ниту поинаку приготвени и тоа: Стоките од членот 1 од оваа одлука ќе се увезуваат од 13 март 2023 година до 31 мај 2023 година.
Среќен 8 ми март на сите сметководителки!
Среќен 8ми Март на сите сметководителки и овластени сметководителки!

ПРОЦЕНТ НА МДБ ЗА МЕСЕЦ ФЕБРУАРИ 2023
ПРОЦЕНТОТ НА МДБ ЗА МЕСЕЦ ФЕБРУАРИ 2023 изнесува 4.9% Заводот за статистика, врз основа на Законот за данокот на добивка, за месец Фебруари 2023 година го утврди : кумулативниот пораст на цените на мало за период Јануари- Фебруари 2023 година во споредба со просекот од 2022 година забележа пораст за 4.9%. Според тоа, месечната аконтација за месец Фебруари 2023 година се утврдува во висина од 1/12 од годишната даночна обврска утврдена во Даночниот биланс за 2022 година (АОП 56) зголемена за 4.9%. Пресметајте веднаш износ за плаќање на месечна аконтација со нашиот калкулатор во прилог: КАЛКУЛАТОР ЗА ПРЕСМЕТКА НА МДБ

Податоци за плата за месец Февруари 2023 година
Податоци за пресметка на плата, придонеси и надоместоци за месец Февруари 2023 година Почитувани, Преземете ги податоците за плата за месец Јануари 2023 година во pdf тука:

ПРОЦЕНТ НА МДБ ЗА МЕСЕЦ ЈАНИАРИ 2023
ПРОЦЕНТОТ НА МДБ ЗА МЕСЕЦ ЈАНИАРИ 2023 изнесува 13% Заводот за статистика, врз основа на Законот за данокот на добивка, за месец Јануари 2023 година го утврди : кумулативниот пораст на цените на мало за период Јануари 2023 година во споредба со просекот од 2022 година забележа пораст за 13% Според тоа, месечната аконтација за месец Јануари 2023 година се утврдува во висина од 1/12 од годишната даночна обврска утврдена во Даночниот биланс за 2021 година (АОП 56) зголемена за 13%. Пресметајте веднаш износ за плаќање на месечна аконтација со нашиот калкулатор во прилог: КАЛКУЛАТОР ЗА ПРЕСМЕТКА НА МДБ

Годишна сметка и финансиски извештаи 2022
ГОДИШНА СМЕТКА 2022 ГОДИНА Почитувани корисници,Во продолжение објавуваме Прирачници за изготвување на завршна сметка (Биланс на состојба и Биланс на успех) за 2022 година, кои може да ги симнете со кликнување на соодветното копче. Оваа содржина е ограничена само на најавени корисници. Ве молиме најавете се за да ја видите оваа содржина. Со кликнување на копчето во продолжение може да ја симнете нашата Excel Алатка за изготвување на годишна сметка. Со внесување на Бруто билансот во excel алатката, добивате пополнети обрасци за годишна сметка (Биланс на успех, Биланс на состојба, СПД, новиот ДЕ, Објаснувачки белешки како и ДБВП). Истите може да ги испечатите и доставите во хартиена форма бидејќи формата е прифатлива од Централен регистар. НАПОМЕНА: Во excel датотеката се пополнува само Бруто билансот и основни податоци за друштвото, во другите полиња не се пополнува ништо. Оваа содржина е ограничена само на најавени корисници. Ве молиме најавете се за да ја видите оваа содржина. Пополнетата excel датотека, со назив со Латински букви без празни места, ја прикачувате на линкот кој се отвора со притискање на подолното копче: Оваа содржина е ограничена само на најавени корисници. Ве молиме најавете се за да ја видите оваа содржина. Обрасците за годишни сметки за трговски […]

Известување од ИСОС за издадени нови Одобренија за спроведување на КПУ Обуки
Известување од ИСОС за издадени нови Одобренија за спроведување на КПУ Обуки Во продолжение ви го пренесуваме Известувањето на ИСОС: Ве известуваме дека Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија спроведе постапка за утврдување на исполнување на законските критериуми за издавање на одобрение за спроведување на обуки за континуирано професионално усовршување под надзор на Институтот. Горенаведената постапка го опфати постапувањето по приговорите вложени од правните лицa на кои им беше издадено Решение, кои беа пристигнати во Институтот заклучно со 25.01.2023 година. За горенаведеното повторно беше свикана Комисијата за избор на вршител на должност од член 72 од Законот за вршење на сметководствени работи, составена од 5 члена која заедно со ВД Претседателот на Институтот утврди кои од подносителите на приговор ги исполнуваат законските критериуми. Правните лица на кои им се издава одобрение за спроведување на обуки се: Друштво за економско-правен консалтинг ПЕКОВИЌ ДООЕЛ Скопје Друштво за консалтинг услуги ПРО КОНСАЛТИНГ ПРО ДООЕЛ Тетово МСФИ КОНСАЛТИНГ ЗА СМЕТКОВОДСТВО, ДАНОЧНИ СОВЕТИ И ПЛАНИРАЊЕ ДООЕЛ Друштво за консалтинг услуги СМЕТКОВОДСТВО ФИНАНСИИ И ДАНОЦИ СФИД ДОО Скопје Друштво за ревизија и консалтинг ГЛОБАЛ ГРОУП КОНСАЛТИНГ ДОО Скопје

Покана за дводневно КПУ Советување за годишна сметка 09 и 10.02.2023 година
Покана за дводневно КПУ Советување за годишна сметка 09 и 10.02.2023 година Почитувани, Ве известуваме дека Глобал Гроуп Консалтинг доби Одобрение од ИСОС за одржување на КПУ обуки за сметководители и овластени сметководители. Воедно ве покануваме на дводневното Online КПУ Советување ќе се одржи на 09.02.2023 и 10.02.2023 година. Темите ќе бидат во согласност со Годишната времена програма на ИСОС за континуирано професионално усовршување за 2023 година. КПУ Советувањето пред се ке се однесува на: Изготвување на годишна сметка за 2022 година Изготвување на финансиски извештаи , Изготвување на Годишен извештај за работењето на друштвото, Изготвување на даночен биланс за 2022 година, Усвојување на годишна сметка, Утврдување на резултат и распределба на истиот, Актуелни новини во законската регулатива. Преземете ја програмата на следниот линк: Програма за Online КПУ Советување 09-10.02.2023 НАПОМЕНА: Сите присутни на КПУ советувањето ќе добијат Потврди за 16 часа КПУ НАПОМЕНА: На сите пријавени слушатели, претходно (на 01.02.2022) ќе им дадеме пристап до нашите алатки и прирачници за годишна сметка, каде се содржани: Excel алатка за составување на годишна сметка од Бруто Биланс, Е- Алатка за конвертирање на Excel во xml и прикачување на на веб страна на Централен регистар, Прирачник за изготвување на годишна сметка и […]

Важно соопштение од ИСОС за ажурирање на податоци на 26.01.2023 година
Почитувани, Во продолжение ви го пренесуваме Соопштението на Исос: Институтот на сметководители и овластени сметководители Ве потсетува дека во текот на утрешниот ден 26.01.2023 година ќе биде дозволено ажурирање на податоците на следниот линк: https://smetkovoditel.isos.com.mk/login Би сакале да потенцираме дека линкот за ажурирање ќе биде достапен 24часа. Ве молиме уредно ажурирајте ги Вашите податоци како би имале точни информации за ажирираниот соодветен регистар. Со почит, ИСОС

СЕ ПРОДОЛЖУВА РОКОТ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДДВ-04 ПРИЈАВАТА ДО 27 ЈАНУАРИ 2023 ГОДИНА
СЕ ПРОДОЛЖУВА РОКОТ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДДВ-04 ПРИЈАВАТА ДО 27 ЈАНУАРИ 2023 ГОДИНА Почитувани, Во прилог ви го пренесуваме соопштението на УЈП: Со оглед на ограничените човечки ресурси кај сметководителите и отежнатото поднесување на даночните пријави преку системот е-Даноци, УЈП ги известува даночните обврзници и сметководителите, дека поднесувањето на пријави ДДВ-04 се продолжува согласно Законот за даночна постапка. Крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавата е (25.01.2023 година) и истиот се продолжува за два работни дена, односно краен рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите ќе се смета 27.01.2023 година (петок).

Податоци за плата за месец Јануари 2023 година
Податоци за пресметка на плата, придонеси и надоместоци за месец Јануари 2023 година Почитувани, Преземете ги податоците за плата за месец Јануари 2023 година во pdf тука:

БРУТО ПЛАТА 2023 – НАЈНИСКА И НАЈВИСОКА ОСНОВИЦА ЗА ПРЕСМЕТУВАЊЕ НА ПРИДОНЕСИ
БРУТО ПЛАТА 2023 – НАЈНИСКА И НАЈВИСОКА ОСНОВИЦА ЗА ПРЕСМЕТУВАЊЕ НА ПРИДОНЕСИ Просечната плата по работник во Република Северна Македонија, според податоците на Државниот завод за статистика објавени во Јануари 2023 година изнесува 49.397 денари согласно објавата од Државен завод за статистика линк. Според објавата на УЈП, Просечната плата се користи за утврдување на најниската и највисоката основица за пресметка на придонесите од задолжително социјално осигурување и тоа за пресметките за плата кои се однесуваат за период од месец Јануари до месец Декември 2023 година. Најниската основица за пресметка на придонесите за 2023 година изнесува 24.699,00 денари (50% од 49.397) Највисока основица за пресметка на придонесите за 2023 година за примањата од работен однос и за примања на извршен член на одбор на директори, член на управен одбор, односно управител во трговско друштво изнесува 790.352,00 денари (16 x 49.397) Највисока основица за пресметка на придонесите за 2023 година за самовработено лице изнесува 592.764,00 денари (12 x 49.397) Обврзниците треба да ја преземат новата верзија на клиентскиот софтвер – МПИН која го содржи новиот параметар ИЗНОС НА ПРОСЕЧНА ПЛАТА (пресметки / исправки) 2023 2022 2021 2020 2019 49.397 43.509 41.141 38.319 36.017 2018 2017 2016 2015 2014 34.079 32.877 32.268 31.644 30.902 2013 […]

Известување во врска со списокот на овластени лице за спроведување на КПУ Обуки
Почитувани, Во врска со известувањето на ИСОС за овластени правни лица за одржување на Обуки за континуирано професионално усовршување, би сакале да ве Известиме дека Глобал Гроуп Консалтинг, иако е изоставен во првичниот список на правни лица за одржување на КПУ, ги преземаме сите законски мерки со цел во најкраток можен рок да добиеме Одобрение за одржување на КПУ обуки и да бидеме запишани во регистарот на правни лица кои спроведуваат обуки за континуирано професионално усовршување при ИСОС.

Дводневно Online Советување 30-31.01.2023 – Изготвување на годишна сметка и финансиски извештаи за 2022 година
Почитувани, Глобал Гроуп Консалтинг Ве поканува на дводневно Online советување на 30.01.2023 и 31.01.2023 година со следните теми: Изготвување на годишна сметка и финансиски извештаи за 2022 година, Изготвување на даночен биланс за 2022 година, Актуелни новини во законската регулатива. НАПОМЕНА: На сите пријавени корисници, претходно ќе им доставиме: Прирачник за изготвување на годишна сметка и финансиски извештаи, Прирачник за даночен биланс и Пристап до е-алатка за составување на годишна сметка и конвертирање во xml. Пријавувањето се врши online со пополнување на формата на следниот линк: Форма за регистрација за online обука Надоместокот за присуство на дводневно online советувањето ќе изнесува 4.000 денари + 18 % ДДВ или вкупно со ДДВ 4.720 денари. Плаќањето се врши однапред на жиро сметка 200003332266115 на Стопанска Банка АД Скопје. Преземете про-фактура за плаќање на следниот линк: Про фактура за online советување Пријавувањето може да се изврши со пополнување на формата за регистрација, со пишување на наш маил или со телефонско јавување. Контакти: Телефони за регистрација: 02/5126-533, 075/709-399 Маил за регистрација: info@globalgroup.mk, pretplata@smetkovoditeli.com.mk

Е- Калкулатор за пресметка на нето/бруто плата во 2023 година со додатоци
Е- Калкулатор за пресметка на нето/бруто плата во 2023 година со додатоци Почитувани, Ве известуваме дека за пресметка на плата за 2023 година може да го користете нашиот е-калкулатор за пресметка на плата, со кој може да пресметате и додатоци на плата во согласност со Законот за работни односи и колективните договори. Калкулаторот, со ажурирани податоци и даночно ослободување за 2023 година, може да го видите на следниот линк: > Е-калкулатор за пресметка на нето/бруто плата со додатоци < Калкулаторот може да го најдете во секое време во делот калкулатори за пресметка на плата.

Соопштение на УЈП за нова верзија на МПИН и податоци за плата за 2023 година
ПРЕСМЕТКА НА ПЛАТА ЗА 2023 ГОДИНА – НОВА ВЕРЗИЈА НА КЛИЕНТСКИ СОФТВЕР “МПИН“ Стапки на придонесите од задолжително социјално осигурување Врз основа на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, стапките по кои се пресметуваат и плаќаат придонесите од задолжително социјално осигурување почнувајќи со исплата на платата за месец Јануари 2023 се следните (види http://www.ujp.gov.mk/mk/vodic/category/641) Вид на придонес Стапка 2023-2020 Стапка 2019 Стапка 2018-2010 Стапка 2009 Задолжително пензиско и инвалидско осигурување 18,8% 18,4% 18% 19% Задолжително здравствено осигурување 7,5% 7,4% 7,3% 7,5% Дополнителен придонес за здравствено осигурување за случај на повреда на работа и професионално заболување 0,5% 0,5% 0,5% 0,5% Задолжителен придонес за осигурување во случај на невработеност 1,2% 1,2% 1,2% 1,4% Придонес за стажот на осигурување што се смета со зголемено траење Стапка 2023-2020 Стапка 2019 Стапка 2018-2011 Стапка 2010 Стапка 2009 12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 18 месеци 9,4% 9,20% 9% 9% 9,50% 12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 17 месеци 7,83% 7,67% 7,5% 7,5% 7,92% 12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 16 месеци 6,27% 6,13% 6% 6% 6,33% 12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 15 месеци 4,7% 4,60% 4,5% 4,5% […]

Рокови за поднесоци до УЈП во месец Јануари
Рокови за поднесоци до УЈП во месец Јануари 2023 година Регистрација за целите на ДДВ Правните лица кои надминале приход од 2.000.000 денари до 31.12.2022 година се обврзани да се регистрираат за целите на ДДВ до 15.01.2023 година. Исто така за целите на ДДВ може да се регистрира и правно или физичко лице кое врши дејност а доброволно сака да се регистрира за целите на ДДВ. Во двата случаеви регистрацијата се врши со поднесување на пријава за регистрација за ДДВ на (образец “ДДВ-01”). Рок на поднесување: до 15-ти Јануари 2023 Дерегистрација за целите на ДДВ Даночните обврзници кои вршат стопанска дејност и се регистрирани за целите на ДДВ, може по истекот на 3 или 2 години од почетокот на регистрацијата за ДДВ, да се дерегистрираат со поднесување на (образец “ДДВ-01Б”), само со исполнување на пропишаните законски одредби за дерегистрација/прекинување на регистрацијата. Рок на поднесување: до 15-ти Јануари 2023 Поднесување на ДД-07 заради користење на ослободување од ДД заради набавени фискални апарати Даночните обврзници кли набавиле и вовеле во употреба до10 фискални системи на опрема за регистрирање на готовински плаќања, може да поднесат (образец “ДД-07”), заради користење на даночно олеснување од данокот на добивка во Даночниот биланс за оданочување на […]

15-ти Јануари е последниот рок за уплата на надоместок од 2% од приходот остварен во недела во текот на 2022 година
15-ти Јануари е последниот рок за уплата на надоместок од 2% од приходот остварен во недела и празници во текот на 2022 година Според член 25 став 6 од Законот за трговија (Службен весник на Република Македонија бр 16/04 …150/22), продавниците на бензиски станици во чии рамки се врши трговија на мало претежно со храна, пијалоци и тутун и продавници, киосци и штандови во трговски центри (молови) кои ги исполнуваат минимално техничките услови, за да можат да работат во ден недела и на празници, откако ќе го пријават работното време за работа во ден недела и на празници треба до 15 јануари 2023 година, да уплатат надоместок во висина од 2% од приходот остварен во ден недела и на празници во 2022 година. Средствата од уплатата се наменети во Фонд за развој и човечки капитал. Одредбата за надоместок во висина од 2% ќе важи од 1 јануари 2023 година, а ќе се пресметува на вкупниот приход остварен во ден недела и на празници во 2022 година. Уплатата на надоместокот треба да се изврши до 15 јануари 2023 година на образец (ПП50), и секоја наредна година последователно на вкупниот приход остварен во претходната година. Во прилог теркот на образецот (ПП50): Уплатница […]

15-ти Јануари – Последен рок за достава на евидентен лист и уплата на надоместок за биоразградливи кеси
15-ти Јануари – последен рок за достава на евидентен лист и уплата на надоместок за биоразградливи кеси за транспорт за стоки за последен квартал од 2022 година Како што ви е познато, согласно Законот за управување со пакување и отпад од пакување, превиден надоместок за биоразградливите кеси за транспорт на стоки кој што од страна на трговците треба да се прибира и уплаќа на квартална основа. За последниот квартал од 2022 година, извештајот за евиденцијата и уплатата на надоместоците треба да се достават до Министерството за животна средина и просторно планирање до 15 јануари 2023г. Терк за извештај може да симнете на следниот линк: Терк-Евиденцијата-за-бројот-на-продадени-кеси-за-носење-на-продажно-место-која-ја-водат-трговците Евидентниот лист, со копија на уплатницата за уплатени надоместоци треба да се испратат по пошта или да се достават лично до Архивата на МЖСПП на адреса: Министерство за животна средина и просторно планирање /Сектор отпад Плоштад „Пресвета Богородица“ бр. 3 1000 Скопје Надоместокот кој што се наплаќа е со вредност од 15 денари. Надоместокот кој трговецот треба да го уплати на сметка на Министерството за животна средина и просторно планирање е без вредноста која останува по пресметката на ДДВ што се уплаќа согласно Законот за данокот на додадена вредност. Податоци за сметката: Надоместок за биоразградливи […]

ПРОЦЕНТ НА МДБ ЗА МЕСЕЦ ДЕКЕМВРИ 2022
ПРОЦЕНТОТ НА МДБ ЗА МЕСЕЦ ДЕКЕМВРИ 2022 изнесува 12.6% Заводот за статистика, врз основа на Законот за данокот на добивка, за месец Декември 2022 година го утврди : кумулативниот пораст на цените на мало за период Јануари-Декември 2022 година во споредба со просекот од 2021 година забележа пораст за 12.6% Според тоа, месечната аконтација за месец Ноември 2022 година се утврдува во висина од 1/12 од годишната даночна обврска утврдена во Даночниот биланс за 2021 година (АОП 56) зголемена за 12.6%. Пресметајте веднаш износ за плаќање на месечна аконтација со нашиот калкулатор во прилог: КАЛКУЛАТОР ЗА ПРЕСМЕТКА НА МДБ

Последен рок за ажурирање на податоци во ИСОС – 09.01.2023 година
Последен рок за ажурирање на податоци во ИСОС – 09.01.2023 година Почитувани, Ве потсетуваме дека денеска на 09.01.2023 година истекува рокот за ажурирање на податоци на сметководители и овластени сметководители. Според објавата на ИСОС, доколку податоците не Ви се ажурирани до 09.01.2023 година, истите нема да бидат проследени до ЦРМ. Досега ажурирале податоци 5080 овластени сметководители и 766 сметководители од вкупниот број запишани во соодветните регистри. Дополнително, Ве известуваме дека сите сметководители и овластени сметководители кои имаат уверенија, а кои не се упишани во соодветните регистри нема да може да ажурираат податоци односно не се активни. Сите досега поднесени барања за упис во регистар, штом се процесираат ќе бидат надополнети во ажурираниот список. Линк за ажурирање на податоци https://smetkovoditel.isos.com.mk/login

Известување за КПУ часови од Обуки одржани од Глобал Гроуп Консалтинг
Известување за КПУ часови од Обуки одржани од Глобал Гроуп Консалтинг Почитувани, Ве известуваме дека во евиденцијата на ИСОС дел од КПУ часовите за посета на обуки организирани од страна на Глобал Гроуп Консалтинг како и од други консалтинг куќи не се целосно евидентирани. Ве известуваме дека ги преземаме сите потребни активности за соодветно ажурирање на часовите за КПУ во евиденцијата на ИСОС. Доколку и после неколку дена, не ви се евидентирани часовите, Ве молиме секој поединечно да не извести на маил pretplata@smetkovoditeli.com.mk.

Повик за ажурирање на податоци на ИСОС
Повик за ажурирање на податоци Институтот на сметководители и овластени сметководители објави повик за ажурирање на податоци на сметководителите и овластените сметководители. Повикот е објавен на 22.12.2022 година а рокот за ажурирање на податоци истекува за 7 дена од денот на објавата. За ажурирање на податоците треба да се најавите на следниот линк: https://smetkovoditel.isos.com.mk Целиот повик може да го прочитате на веб страната на ИСОС на следниот линк.

Податоци за плата за месец декември 2022
Податоци за пресметка на плата, придонеси и надоместоци за месец Декември 2022 година Почитувани, Преземете ги податоците за плата за месец Декември 2022 година во pdf тука:

ПРОЦЕНТ НА МДБ ЗА МЕСЕЦ НОЕМВРИ 2022
ПРОЦЕНТОТ НА МДБ ЗА МЕСЕЦ НОЕМВРИ 2022 изнесува 12.1% Заводот за статистика, врз основа на Законот за данокот на добивка, за месец Ноември 2022 година го утврди : кумулативниот пораст на цените на мало за период Јануари-Ноември 2022 година во споредба со просекот од 2021 година забележа пораст за 12.1% Според тоа, месечната аконтација за месец Ноември 2022 година се утврдува во висина од 1/12 од годишната даночна обврска утврдена во Даночниот биланс за 2021 година (АОП 56) зголемена за 12.1%. Пресметајте веднаш износ за плаќање на месечна аконтација со нашиот калкулатор во прилог:

Податоци за пресметка на плата за месец Ноември 2022 година
Податоци за пресметка на плата, придонеси и надоместоци за месец Ноември 2022 година Преземете ги податоците за плата за месец Ноември 2022 година во pdf тука:

ПРОЦЕНТ НА МДБ ЗА МЕСЕЦ ОКТОМВРИ 2022
ПРОЦЕНТОТ НА МДБ ЗА МЕСЕЦ ОКТОМВРИ 2022 изнесува 11.6% Заводот за статистика, врз основа на Законот за данокот на добивка, за месец Октомври 2022 година го утврди : кумулативниот пораст на цените на мало за период Јануари-Октомври 2022 година во споредба со просекот од 2021 година забележа пораст за 11.6% Според тоа, месечната аконтација за месец Октомври 2022 година се утврдува во висина од 1/12 од годишната даночна обврска утврдена во Даночниот биланс за 2021 година (АОП 56) зголемена за 11.6%. Пресметајте веднаш износ за плаќање на месечна аконтација со нашиот калкулатор во прилог:

Податоци за плата за месец Октомври 2022
Податоци за пресметка на плата, придонеси и надоместоци за месец Октомври 2022 година Преземете ги податоците за плата за месец Октомври 2022 година во pdf тука:

Продолжување на рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавата
ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА РОКОТ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВАТА ДДВ-04 ДО 28 ОКТОМВРИ 2022 Управата за јавни приходи во согласност со Законот за даночна постапка, а поради отежнато поднесување на даночни пријави преку системот е-Даноци, ги известува даночните обврзници и сметководителите дека рокот за поднесување на ДДВ – 04 пријавата се продолжува. Крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавата (25.10 2022) се продолжува за 3 (три) работни дена, односно крајниот рок за поднесување на ДДВ – 04 пријавите ќе се смета 28.10.2022 година.

ПРОЦЕНТ НА МДБ ЗА МЕСЕЦ СЕПТЕМВРИ 2022
ПРОЦЕНТОТ НА МДБ ЗА МЕСЕЦ СЕПТЕМВРИ 2022 изнесува 10.9% Заводот за статистика, врз основа на Законот за данокот на добивка, за месец Септември 2022 година го утврди : кумулативниот пораст на цените на мало за период Јануари-Септември 2022 година во споредба со просекот од 2021 година забележа пораст за 10.9% Според тоа, месечната аконтација за месец Септември 2022 година се утврдува во висина од 1/12 од годишната даночна обврска утврдена во Даночниот биланс за 2021 година (АОП 56) зголемена за 10.9%. Пресметајте веднаш износ за плаќање на месечна аконтација со нашиот калкулатор во прилог:

Податоци за плата за месец Септември 2022 година
Податоци за пресметка на плата, придонеси и надоместоци за месец Септември 2022 година Преземете ги податоците за плата за месец Септември 2022 година во pdf тука:

Рокот за достава на извештај за трансферни цени за трансакции помеѓу поврзани страни е до 30.09.2022
ИНФОРМАТИВЕН НАПИС: ИЗВЕШТАЈ ЗА ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ ЗА ТРАНСАКЦИИ ПОМЕЃУ ПОВРЗАНИ СТРАНИ

Процент на МДБ за месец август 2022
ПРОЦЕНТОТ НА МДБ ЗА МЕСЕЦ АВГУСТ 2022 изнесува 10.2% Заводот за статистика, врз основа на Законот за данокот на добивка, за месец Август 2022 година го утврди : кумулативниот пораст на цените на мало за период Јануари-Август 2022 година во споредба со просекот од 2021 година забележа пораст за 10.2% Според тоа, месечната аконтација за месец Август 2022 година се утврдува во висина од 1/12 од годишната даночна обврска утврдена во Даночниот биланс за 2021 година (АОП 56) зголемена за 10.2%. Пресметајте веднаш износ за плаќање на месечна аконтација со нашиот калкулатор во прилог:

Податоци за пресметка на плата за месец Август 2022 година
Податоци за пресметка на плата, придонеси и надоместоци за месец Август 2022 година

Известување од Централен регистар за упис на лиценците на сметководствените друштва во ЦРМ
Известување од Централен регистар за упис на лиценците на сметководствените друштва во ЦРМ Почитувани, Ве известуваме дека во согласност со новиот Закон за вршење на сметководствени работи, сите Друштва и ТП кои се лиценцирани за вршење на сметководствени работи со Лиценци издадени од ИСОС, треба своите лиценци да ги упишат во Централниот регистар. Лиценцата за вршење на сметководствени работи може да се упише во трговскиот регистар преку регистрационен агент адвокат со приложување на скенирана копија на Лиценцата, Полномошно за регистрационен агент и Изјава за лично пптпишување. Рокот за упис е 60 дена од денот на влегување во сила на ЗВСР или најдоцна до 08.10.2022 година. Во прилог ви го пренесуваме целото соопштение на Централниот регистар: Ве известуваме дека во („Службен весник Република Северна Македонија“ број 173 од 01.08.2022 година објавен е: -Закон за вршење на сметководствени работи(*). Овој Закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Северна Македонија”. Од Законот за вршење на сметководствени работи член 63 став 4, произлегува законска обврска за трговците поединци – сметководители, трговците поединци – овластените сметководители и друштвата за вршење сметководствени работи кои се запишани во „Регистарот на трговците поединци – сметководители”, „Регистарот на трговците поединци – […]

ПРОЦЕНТОТ НА МДБ ЗА МЕСЕЦ ЈУЛИ 2022
ПРОЦЕНТОТ НА МДБ ЗА МЕСЕЦ ЈУЛИ 2022 изнесува 9.3% Заводот за статистика, врз основа на Законот за данокот на добивка, за месец Јули 2022 година го утврди : кумулативниот пораст на цените на мало за период Јануари-Јули 2022 година во споредба со просекот од 2021 година забележа пораст за 9.3% Според тоа, месечната аконтација за месец Јули 2022 година се утврдува во висина од 1/12 од годишната даночна обврска утврдена во Даночниот биланс за 2021 година (АОП 56) зголемена за 9.3%. Пресметајте веднаш износ за плаќање на месечна аконтација со нашиот калкулатор во прилог:

Податоци за плата за месец Јули 2022
Податоци за плата за месец Јули 2022

ПРОЦЕНТОТ НА МДБ ЗА МЕСЕЦ ЈУНИ 2022
ПРОЦЕНТОТ НА МДБ ЗА МЕСЕЦ ЈУНИ 2022 изнесува 8.2% Заводот за статистика, врз основа на Законот за данокот на добивка, за месец Јуни 2022 година го утврди : кумулативниот пораст на цените на мало за период Јануари-Јуни 2022 година во споредба со просекот од 2021 година забележа пораст за 8.2% Според тоа, месечната аконтација за месец Јуни 2022 година се утврдува во висина од 1/12 од годишната даночна обврска утврдена во Даночниот биланс за 2021 година (АОП 56) зголемена за 8.2%. Пресметајте веднаш износ за плаќање на месечна аконтација со нашиот калкулатор во прилог:

Податоци за плата за месец 06 2022
Податоци за плата за месец јуни 2022

ВЛАДАТА ДОНЕСЕ ОДЛУКА ЗА ПОСЕБНИ УСЛОВИ ЗА ТРГОВИЈАТА НА ОДДЕЛНИ СТОКИ
ОДЛУКА ЗА ПОСЕБНИ УСЛОВИ ЗА ТРГОВИЈАТА НА ОДДЕЛНИ СТОКИ Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 14 јуни 2022 година, донесе Одлука за посебни услови за трговијата на одделни стоки која беше објавена во Службен Весник на РСМ во истиот ден со што и практично стапи во сила. Според истата, од 15/06/2022 година се определува највисоката трговска маржа како посебен услов во трговијата на големо и трговијата на малосо следните производи:

МЕСЕЧЕН ИНФОРМАТОР БР. 005,006 – 2022
МЕСЕЧЕН ИНФОРМАТОР БР. 005,006 – 2022 Почитувани, Во прилог Месечен информатор бр. 005,006 -2022 година со следната содржина:

ПРОЦЕНТ НА МДБ ЗА МЕСЕЦ МАЈ 2022
ПРОЦЕНТОТ НА МДБ ЗА МЕСЕЦ MAJ 2022 изнесува 7.2% Заводот за статистика, врз основа на Законот за данокот на добивка, за месец Мај 2022 година го утврди : кумулативниот пораст на цените на мало за период Јануари-Мај 2022 година во споредба со просекот од 2021 година забележа пораст за 7.2% Според тоа, месечната аконтација за месец Мај 2022 година се утврдува во висина од 1/12 од годишната даночна обврска утврдена во Даночниот биланс за 2021 година (АОП 56) зголемена за 7.2%. Пресметајте веднаш износ за плаќање на месечна аконтација со нашиот калкулатор во прилог:

Престанува важноста на одлуките за ограничување на маржите и повластените стапки на ДДВ за определени продукти
На 31 мај престанува важноста на одлуките за ограничување на маржите и повластените стапки на ДДВ за определени продукти Од 01 јуни 2022 престануваат да се применуваат:

Бескаматна кредитна линија за обртни средства за компании погодени од енергетската и економската криза – Повик на развојна банка
ЈАВЕН ПОВИК бр. 1, Бескаматна кредитна линија за обртни средства за компании погодени од енергетската и економската криза Почитувани, Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје објавува: ЈАВЕН ПОВИК бр.1 за поднесување на кредитно барање за директно кредитирање на микро, мали и средни компании како и ТП и занаетчии (кои плаќаат давачки на реален приход) од Бескаматна кредитна линија за обртни средства за компании погодени од енергетската и економската криза I. ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК Предмет на овој јавен повик е поднесување на кредитно барање од Бескаматна кредитна линија за обртни средства за компании погодени од енергетската и економската криза за директна поддршка на микро, мали и средни трговски друштва, трговци поединци и занаетчии кои плаќаат данок на реален приход и се регистрирани во Република Северна Македонија. Средствата од кои ќе се реализира Бескаматната кредитна линија за обртни средства за компании погодени од енергетската и економската криза се обезбедени во износ од 310.000.000 денари. II. УСЛОВИ ЗА ОДОБРУВАЊЕ НА СРЕДСТВАТА Средствата од Бескаматна кредитна линија за обртни средства за компании погодени од енергетската и економската криза ќе се доделуваат под следните услови: Намена на кредитот: За обртни средства за поддршка на компаниите погодени од енергетската и економската криза. […]

ПРОЦЕНТ НА МДБ ЗА МЕСЕЦ АПРИЛ 2022
ПРОЦЕНТОТ НА МДБ ЗА МЕСЕЦ АПРИЛ 2022 изнесува 6.3% Заводот за статистика, врз основа на Законот за данокот на добивка, за месец Април 2022 година го утврди : кумулативниот пораст на цените на мало за период Јануари-Април 2022 година во споредба со просекот од 2021 година забележа пораст за 6.3% Според тоа, месечната аконтација за месец Април 2022 година се утврдува во висина од 1/12 од годишната даночна обврска утврдена во Даночниот биланс за 2021 година (АОП 56) зголемена за 6.3%. Пресметајте веднаш износ за плаќање на месечна аконтација со нашиот калкулатор во прилог:

Податоци за плата за месец Април 2022 година
Податоци за пресметка на плата, придонеси и надоместоци за месец Април 2022 година

ПРОДОЛЖЕН РОКОТ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДДВ-04 ПРИЈАВАТА ДО 27 АПРИЛ 2022
УЈП СООПШТИ ДЕКА СЕ ПРОДОЛЖУВА РОКОТ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДДВ-04 ПРИЈАВАТА ДО 27 АПРИЛ 2022 Согласно Законот за даночна постапка, во услови на ограничени човечки и временски ресурси и намалени капацитети кај даночните обврзници, а со оглед на тоа дека се очекува поднесување на даночни пријави за даночен период од 01-01.2022 – 31.03.2022 и за 01.03.2022 – 31.03.2022 година од месечните и тримесечните обврзници за ДДВ, со цел одбегнување на отежнато поднесување на даночни пријави преку системот е-Даноци, се известуваат даночните обврзници и сметководителите дека се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријава. Крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавата (25.04.2022 односно 26.04.2022 поради Велигденските празници) се продолжува за 1 (еден) работен ден, односно за краен рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите ќе се смета 27.04.2022 година.

Месечен информатор бр. 004/2022
МЕСЕЧЕН ИНФОРМАТОР БР. 004 – 2022 Почитувани, Во прилог Месечен информатор бр. 004-2022 година со следната содржина: Образец ДД-И – Задржан данок – Информативен напис Распределба на довивка и исплата на дивиденда по годишната сметка за 2021 година Податоци за плата за месец Јануари 2022 година Податоци за плата за месец Февруари 2022 година Податоци за плата за месец Март 2022 година Месечниот информатор може да го преземете на следниот линк:

Процент на МДБ за месец март 2022
ПРОЦЕНТОТ НА МДБ ЗА МЕСЕЦ МАРТ 2022 изнесува 5.4% Заводот за статистика, врз основа на Законот за данокот на добивка, за месец Март 2022 година го утврди : кумулативниот пораст на цените на мало за период Јануари-Март 2022 година во споредба со просекот од 2021 година забележа пораст за 5.4% Според тоа, месечната аконтација за месец Март 2022 година се утврдува во висина од 1/12 од годишната даночна обврска утврдена во Даночниот биланс за 2021 година (АОП 56) зголемена за 5.4%. Пресметајте веднаш износ за плаќање на месечна аконтација со нашиот калкулатор во прилог:

ФИНАНСИСКА ПОМОШ ЗА РАБОТОДАВАЧИТЕ ЗА ИСПЛАТА НА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА – СООПШТЕНИЕ НА УЈП
ФИНАНСИСКА ПОМОШ ЗА РАБОТОДАВАЧИТЕ ЗА ИСПЛАТА НА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА Законски основ Работодавачите кои ги исполнуваат условите од Законот за измена и дополнување на Законот за минимална плата во Република Северна Македонија, („Службен весник на РСМ’’, бр.41 од 24.02.2022 година), имаат право на финансиска помош за исплата на разликата од придонесите на нето зголемената минимална плата за период од месец март 2022 до месец декември 2022 година. Износ на финансиска помош Висината на минималната плата не може да биде пониска од 57% од висината на просечно исплатената нето плата во Република Северна Македонија за претходната година, според податоците на Државниот завод за статистика. На работодавачот ќе му се обезбеди финансиска помош за исплата на разликата од придонесите на нето зголемената минимална плата во износ од 1.197,00 денари. Финансиската помош се обезбедува на работодавачите за работниците на кои основната плата ќе се исплати до нивото на бруто плата во износ од 26.422,00 денари. Пресметка на износ на исплатената нето плата на работникот исплатена за период од март до декември 2022 година Пресметката на износ на исплатената месечна нето плата од март до декември 2022 година, се врши за лицата кои биле во работен однос кај работодавачот во месец февруари 2022 година за […]

Објавен Нов МПИН Образец со важност од 01.04.2022 година
Објавен Нов МПИН Образец со важност од 01.04.2022 година Управата за јавни приходи објави нов МПИН Образец со важност од 01.04.2022 година. Очекуваме официјално соопштение од страна на Управата за јавни приходи во врска со начинот на поднесување на Барањата за добивање на финансиска помош за придонесите за зголемување на платата во износ од 1.197 денари, предвидени со Законот за минимална плата. Во прилог новиот клиентски софтвер МПИН и Законот за измена и дополнување на Законот за минимална плата. MPIN – klientski_softver_01.04.2022 Измена на Закон за минимална плата (Службен весник на РСМ 41/2022)

КРАЕН РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА ПРЕНЕСУВАЊЕ НА ИСКАЖАНА ЗАГУБА – Образец ДД-01 ДО 31.03.2022
БАРАЊЕ ЗА ПРЕНЕСУВАЊЕ НА ИСКАЖАНА ЗАГУБА – Образец ДД-01 Доколку даночниот обврзник оствари загуба искажана во Билансот на успех истата намалена за непризнаените расходи искажани во даночниот биланс може да ја пренесе на товар на добивката во идните пресметковни периоди најмногу до три години сметано од годината во која е искажана загубата (член 19 ст.1 од Закон за данок од добивка).

Податоци за плата за месец Март 2022 година
Податоци за пресметка на плата, придонеси и надоместоци за месец Март 2022 година

Одлуки и Измена на закони донесени во врска со економска криза
Одлуки и Измена на закони донесени во врска со новонастанатата ситуација Почитувани, Во прилог може да ги погледнете и симнете Одлуките за определување на повластени стапки или ослободување од ДДВ на одредени добра, Одлуката за определување на маржи за одредени производи, Измените на Законот за ДДВ и измените на Законот за акциза кои беа донесени во последните неколку денови.

Месечен информатор бр. 003-2022
МЕСЕЧЕН ИНФОРМАТОР БР. 003 – 2022

Владата најави нови 26 мерки за справување со кризата
Владата на Република Северна Македонија нa 24-та седница ја разгледа Информацијата за економски мерки за справување на енергетската и ценовната криза, во рамките на која се донесени 26 мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните и ликвидноста на компаниите, како и мерки за финансиска поддршка на деловните субјекти преку Развојната банка на Северна Македонија. Пакетот мерки за заштита на животниот стандард и ликвидноста на компаниите опфаќа: 1. Намалување на повластената стапка на ДДВ за основни производи за човечка исхрана од 5% на 0%, од април до јуни. 2. Замрзнување на трговските маржи на основни производи за човечка исхрана. 3. Субвенции/ Ваучери за најранливите категории за основни производи за исхрана (по 1.000 ден за 3 месеци за 35.000 корисници), односно 105 милиони денари од Министерството за труд и социјална политика. 4. Автономна мерка за увоз на основни прехранбени производи и суровини кои имаат царински давачки од сите земји, односно укинување на царинските стапки за овие производи и зголемување на квотите. 5. Продолжување на примената на повластена даночната стапка од 5% за прометот со електричната енергија кон домаќинствата до крајот на годината наместо до 1 јули. 6. Препорака за менување на методологијата за утврдување на цена за домаќинства и мали потрошувачи […]
Срекен 8-ми март на сите сметководителки!
Срекен 8-ми март на сите сметководителки!

ПРОЦЕНТ НА МДБ ЗА МЕСЕЦ ФЕВРУАРИ 2022
ПРОЦЕНТОТ НА МДБ ЗА МЕСЕЦ ФЕВРУАРИ 2022 изнесува 4.7% Заводот за статистика, врз основа на Законот за данокот на добивка, за месец Февруари 2022 година го утврди : кумулативниот пораст на цените на мало за период Јануари-Февруари 2022 година во споредба со просекот од 2021 година забележа пораст за 4.7% Според тоа, месечната аконтација за месец Февруари 2022 година се утврдува во висина од 1/12 од годишната даночна обврска утврдена во Даночниот биланс за 2020 година (АОП 56) зголемена за 4.7%. Пресметајте веднаш износ за плаќање на месечна аконтација со нашиот калкулатор во прилог:

Податоци за плата за месец февруари 2022 година
Податоци за пресметка на плата, придонеси и надоместоци за месец Февруари 2022 година

Месечен информатор бр. 002 – 2022
МЕСЕЧЕН ИНФОРМАТОР БР. 002 – 2022

Продолжен рокот за поднесување на годишни сметки во ЦРМ
Централен регистар го продолжува рокот за поднесување на годишна сметка Почитувани, Во прилог ви го пренесуваме соопштението на Централен Регистар на РСМ: Согласно барањата пристигнати до Централниот регистар, кои се однесуваат за продолжување на рокот за поднесување на годишна сметка за 2021 година, поради заштита и превенција од вирусот covid-19, Ве известуваме дека Централниот регистар одлучи да излезе во пресрет на барањето на обврзниците за поднесување на годишна сметка и на сметководителите со продолжување на рокот за 10 дена, како за хартиено така и за електронско поднесување на годишни сметки, . Крајниот рок за поднесување на годишна сметка во хартиена форма ќе биде до 10.03 2022 година, со работно време на сите канцеларии на Централниот регистар од 08:00 до 16:00 часот, додека крајниот рок за поднесување на годишната сметка во електронска форма ќе биде до 25.03.2022 година до 24 часот. Централниот регистар како сервисно ориентирана институција која секогаш ги зема во предвид барањата и потребите на странките и нашите корисници, во рамките на законските можности трета година по ред го продолжува рокот за поднесување на годишните сметки поради зголемениот број на позитивни случаи од Корона вирус. Сакаме да напоменеме дека минатата година приемот на годишните сметки го следеше трендот како и изминатите години, па во законски предвидениот рок […]

МЕСЕЧЕН ИНФОРМАТОР БР. 001/2022
МЕСЕЧЕН ИНФОРМАТОР БР. 001 – 2022

Процент на МДБ за месец јануари 2022
ПРОЦЕНТОТ НА МДБ ЗА МЕСЕЦ ЈАНУАРИ 2022 изнесува 4.6% Заводот за статистика, врз основа на Законот за данокот на добивка, за месец Јануари 2022 година го утврди : кумулативниот пораст на цените на мало за период Јануари 2022 година во споредба со просекот од 2021 година забележа пораст за 4.6% Според тоа, месечната аконтација за месец Јануари 2022 година се утврдува во висина од 1/12 од годишната даночна обврска утврдена во Даночниот биланс за 2020 година (АОП 56) зголемена за 4.6%. Пресметајте веднаш износ за плаќање на месечна аконтација со нашиот калкулатор во прилог:

Известување за процедурата за враќање на финансиските средства за поддршка на компаниите кои не го исполниле условот со шестиот пакет антикризни мерки на Владата на Република Северна Македонија
Известување за процедурата за враќање на финансиските средства за поддршка на компаниите кои не го исполниле условот со шестиот пакет антикризни мерки на Владата на Република Северна Македонија Владата на РСМ ги информира корисниците на шестиот пакет на анти ковид мерки за начинот на враќање на средствата според условите предвидени со повиците од шестиот пакет мерки. Со ова известување се информираат сите компании, кои добиле финансиска поддршка преку шестиот пакет на мерки, а кои не го исполниле условот за претворање на финансиската поддршка во грант, со зголемување на бројот на вработени според ефективни работни часови за еден вработен, дека износите од 20% од добиената поддршка за оние кои го задржале истиот број вработени, или 50% од добиената поддршка за оние кои имаат намалување на бројот на вработени, треба да се изврши на следнава буџетска сметка: Назив на примач: Буџет на Република Северна Македонија Трансакциска сметка: 100000000063095 Трезорска сметка: 630010001963019 Приходно конто: 725939 програма 00 Во цел на дознака: Враќање на раздел 04001 во буџет мината година. Ги информираме корисниците на оваа финансиска поддршка да ги подмират своите обврски најкасно до рокот за поднесување на завршна сметка за 2021 година. Повиците од шестиот пакет на мерки може да ги погледнете во подолниот напис: Владата […]

Содржина достапна само за најавени корисници (претплатници)
Содржината е достапна само за најавени корисници (претплатници). Ве молиме најавете се на следниот линк за да пристапите до содржината. Доколку не сте регистрирани, информирајте се околу видовите на ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА Погледнете видео приказ на е-базите на следниот линк: видео приказ на е-база

Податоци за пресметка на плата за месец Јануари 2022 година
Податоци за пресметка на плата, придонеси и надоместоци за месец Јануари 2022 година: Online Советување 03.02.2022 – Изготвување на годишна сметка и финансиски извештаи за 2021 година

ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА РОКОТ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВАТА ДДВ-04 ДО 28 ЈАНУАРИ 2022
ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА РОКОТ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВАТА ДДВ-04 ДО 28 ЈАНУАРИ 2022 Согласно Законот за даночна постапка, во услови на ограничени човечки и временски ресурси и намалени капацитети кај даночните обврзници, поради актуелната состојба со COVID-19, а со цел одбегнување на отежнато поднесување на даночни пријави преку системот е-Даноци, се известуваат даночните обврзници и сметководителите дека се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријава. Крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавата (25.01.2022) се продолжува за 3 (три) работни дена, односно за краен рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите ќе се смета 28.01.2022 година.

Карактеристики на последна ДДВ Пријава за 2021 – Информативен напис
Карактеристики на последна ДДВ Пријава за 2021 – Информативен напис Согласно член 41 од Законот за данок на додадена вредност, даночниот обврзник е должен за секој даночен период да поднесе ддв пријава во рок од 25 дена по истекот на даночниот период во која сам го пресметува данокот. Даночната пријава се поднесува до надлежниот даночен орган кај кого е регистриран даночниот обврзник. ДДВ пријавата за последниот даночен период од 2021 година согласно Законот се доставува најдоцна 25 Јануари 2022 година. При поднесувањето на последната ддв пријава можно е да се јават одредени специфичности настанати од претходни даночни периоди, а кои ќе се имплицираат во даночната пријава за последниот даночен период. Специфичностите и карактеристиките на последната ДДВ пријава се обработени во Информативниот напис кој може да го симнете на следниот линк: Пријавете се навреме на Online советување за годишна сметка, како би ги добиле претходно прирачниците за годишна сметка и даночен биланс! Online Советување 03.02.2022 – Изготвување на годишна сметка и финансиски извештаи за 2021 година

Содржина достапна само за најавени корисници (претплатници)
Содржината е достапна само за најавени корисници (претплатници). Ве молиме најавете се на следниот линк за да пристапите до содржината. Доколку не сте регистрирани, информирајте се околу видовите на ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА Погледнете видео приказ на е-базите на следниот линк: видео приказ на е-база

МЕСЕЧЕН ИНФОРМАТОР БР. 012/2021
Почитувани, Во прилог објавуваме Месечен информатор бр. 012/2021 со следна содржина: Регистрација и дерегистрација од системот на ДДВ Карактеристики на последната ДДВ пријава за 2021 година Работа во недела и на државен празник во трговија и во останати дејности од 01.01.2022 година Податоци за плата за месец декември 2021 година Информаторот може да го презмете на следниот линк:

ОБЈАВЕНИ ИЗВЕСТУВАЊА НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ЗА ОПФАТ НА ТУРИСТИЧКИ МЕСТА ЗА РАБОТА ВО НЕДЕЛА
ОБЈАВЕНИ ИЗВЕСТУВАЊА НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ЗА ОПФАТ НА ТУРИСТИЧКИ МЕСТА ЗА РАБОТА ВО НЕДЕЛА Министерството за економија на 10.01.2022 објави две известувања во врска со работа во недела и на државни празници на трговците на големо и на мало, како и опфат на туристички места каде трговија на мало според Законот за трговија може да вршат одредени дејности. Во продолжение ви ги доставуваме соопштенијата: Известување за Опфат на туристички места во Република Северна Македонија Известување за работа во недела – државен празник

Референтната стапка за пресметување на стапката на казнената камата, за периодот од 01.01.2022 година до 30.06.2022 година
Референтната стапка за пресметување на стапката на казнената камата, за периодот од 01.01.2022 година до 30.06.2022 година Народна Банка на Република Северна Македонија ја објави референтната стапка за пресметување на стапката на казнената камата, за периодот од 01.01.2022 година до 30.06.2022 година. Референтната стапка за пресметување на стапката на казнената камата, за периодот од 1 Јануари 2022 година до 30 Јуни 2022 година изнесува 1,25%. ДОЛГ ВО ДЕНАРИ Казнената камата во периодот од 01.01 – 30.06.2022 година изнесува: – договори помеѓу правни лица стапката е 11,25% – договори во кои барем едно лице е физичко лице стапката е 9,25%. Стапката на Еурибор на 31.12.2021 година изнесува: (-0,583%) Пресметајте камата со нашиот е-калкулатор за пресметка на казнена камата и преглед на каматни стапки по години:

ПРОЦЕНТ НА МДБ ЗА МЕСЕЦ ДЕКЕМВРИ 2021
ПРОЦЕНТОТ НА МДБ ЗА МЕСЕЦ ДЕКЕМВРИ 2021 изнесува 4.3% Заводот за статистика, врз основа на Законот за данокот на добивка, за месец Декември 2021 година го утврди : кумулативниот пораст на цените на мало за период Јануари- Декември 2021 година во споредба со просекот од 2020 година забележа пораст за 4.3% Според тоа, месечната аконтација за месец Декември 2021 година се утврдува во висина од 1/12 од годишната даночна обврска утврдена во Даночниот биланс за 2020 година (АОП 56) зголемена за 4.3%. Пресметајте веднаш износ за плаќање на месечна аконтација со нашиот калкулатор во прилог:

УЈП: ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА ПРЕТВОРАЊЕ НА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА ИСПЛАТА НА ПЛАТИ ВО ГРАНТ
ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА ПРЕТВОРАЊЕ НА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА ИСПЛАТА НА ПЛАТИ ВО ГРАНТ Барање за претворање на финансиската поддршка во грант се поднесува најдоцна до 15.01.2022 година преку системот е-Даноци Работодавачите (правни лица и самовработени лица за своите вработени) кои го искористиле правото на финансиска поддршка за исплата на плати за вработените, согласно Законот за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот COVID-19, заради исплата на платите за месеците февруари и март 2021 година („Службен весник на Република Северна Македонија’’, број 85/21), а ги исполниле условите од членот 9 став 3, можат да поднесат Барање за претворање на финансиската поддршка за исплата на плати во грант „образец Б-ПФПГ“. – Работодавачите, образецот Б-ПФПГ, задолжително го поднесуваат преку системот е-Даноци. – Барањата се поднесуваат најдоцна до 15.01.2022 година – Прилозите кон Барањето, фактури за извршените набавки и изводи од носител на платен промет како доказ за извршеното плаќање на фактурите задолжително се доставуваат до надлежната Регионална дирекција на УЈП каде се администрира обврзникот во хартиена форма. Физички лица кои вршат самостојна дејност кои го искористиле правото на финансиска поддршка (за самите носители на дејноста) , согласно Законот за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност, погодени од здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот […]

Објавени Барањата за претворање на финансиска поддршка во грант (Обрасци Б-ПФПГ – за правни лица и Б-ПФПГ-СВД за самостојни вршители на дејност)
Објавени Барањата за претворање на финансиска поддршка во грант (Обрасци Б-ПФПГ – за правни лица и Б-ПФПГ-СВД за самостојни вршители на дејност) Правилник за формата и содржината на Барањето за претворање на ФП во Грант – СВД Правилник за формата и содржината на Барањето за претворање на ФП во Грант – Правни Лица

ПРЕСМЕТКА НА ПЛАТА ЗА 2022 ГОДИНА – НОВА ВЕРЗИЈА НА КЛИЕНТСКИ СОФТВЕР “МПИН“
ПРЕСМЕТКА НА ПЛАТА ЗА 2022 ГОДИНА – НОВА ВЕРЗИЈА НА КЛИЕНТСКИ СОФТВЕР “МПИН“ Стапки на придонесите од задолжително социјално осигурување Врз основа на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, стапките по кои се пресметуваат и плаќаат придонесите од задолжително социјално осигурување почнувајќи со исплата на платата за месец Јануари 2022 се следните (види http://www.ujp.gov.mk/mk/vodic/category/641) Вид на придонес Стапка 2022-2020 Стапка 2019 Стапка 2018-2010 Стапка 2009 Задолжително пензиско и инвалидско осигурување 18,8% 18,4% 18% 19% Задолжително здравствено осигурување 7,5% 7,4% 7,3% 7,5% Дополнителен придонес за здравствено осигурување за случај на повреда на работа и професионално заболување 0,5% 0,5% 0,5% 0,5% Задолжителен придонес за осигурување во случај на невработеност 1,2% 1,2% 1,2% 1,4% Придонес за стажот на осигурување што се смета со зголемено траење Стапка 2022-2020 Стапка 2019 Стапка 2018-2011 Стапка 2010 Стапка 2009 12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 18 месеци 9,4% 9,20% 9% 9% 9,50% 12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 17 месеци 7,83% 7,67% 7,5% 7,5% 7,92% 12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 16 месеци 6,27% 6,13% 6% 6% 6,33% 12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 15 месеци 4,7% 4,60% 4,5% 4,5% […]